Тодоровиќ прв ги искуси измените на Кривичниот законик, не е повеќе во куќен притвор

Фото: Giceto / Wikipedia

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ кој што беше во куќен притвор поради инволвираност во случајот „Феникс“ по измените на Кривичниот законик, судот му го укина ова ограничување и сега е потполно на слобода, објави „Призма“.

Македонскиот бизнисмен, кој е основач на ланецот-маркети „Тинекс“ беше приведен во јуни, поради осомниченост дека додека бил на градоначалничката функција ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ во случај што го отвори Јавното обвинителство.

Дел од уапсените завршија во притвор, а за Тодоровиќ тогаш беше донесена одлука да остане во домашен притвор. Тодоровиќ, по предлог на обвинителот, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор.

Дејствијата кои ги стори Тодоровиќ се до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава, според најновите измени на кривичниот законик што стапија на сила на 15 септември.

Доколку истрагата биде запрена, Тодоровиќ од судот може да бара да му биде исплатена отштета поради тоа што два и пол месеца неосновано бил во куќен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот