ТИРЗ: Нема да има државна помош за компанијата која требаше да изгради фабрика за електрични возила во Тетово

Фото: Слободен печат/Архива

Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.ГО и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

„За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации“, посочуваа од Дирекција за ТИРЗ.

Компанијата е.ГО требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.

Иако беше планирано да почне да се гради во рок од два месеца по поставувањето на камен-темелникот во август, најавената фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово и по 17 месеци нема ништо.

На свеченоста на 13 август, на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор лопати за камен-темелникот фрлија премиерот, претседателот на Собранието, министрите, директорите и партиските лидери.

Според тогашните најави, државата ќе биде партнер во инвестицијата, покривајќи една третина од вредноста на вложувањата, или околу 45 милиони евра.

Кога се поставуваше камен-темелникот, властите наведоа дека очекуваат за година и пол фабриката на германскиот производител на електрични возила да биде пуштена во употреба.

ВИДЕО+ФОТО: За првпат во Македонија ќе се произведува автомобил, и тоа електричен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот