ТИРЗ и Јапонската организација за надворешна трговија договорија три нови иницијативи за економски раст

Фото: ТИРЗ

Помеѓу македонската и јапонската економија договорени се три нови иницијативи за економски раст. Како што соопштија од ТИРЗ, директорот Јован Деспотовски и претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договориле соработка не само во делот на привлекување на јапонски инвеститори туку и заднички проекти меѓу компании од двете земји особено во ИТ секторот, енергетика и градежништво во делот на обнова на Украина, како и директна поддршка за македонските стартапи

JETRO има мрежа која покрива над 2 милиони јапонски мали и средни компании и им нуди различни инструменти за поддршка за инвестиции, изјави Деспотовски.

Претседателот на JETRO Нобутани изразил целосна подготвеност за поддршка на ТИРЗ и Владата на Северна Македонија и лична заложба за забрзана реализација на новите иницијативи за засилен економски раст.

Директорот на ТИРЗ е во неколкудневна работна посета на Јапонија организирана во соработка со Јапонската амбасада во Северна Македонија. Целта е презентација на инвестициските можности во нашата земја. Деспотовски имаше средби со неколку од поголемите стопански комори, бизнис асоцијации, компании и државни институции на оваа земја.

Како што информираат од ТИРЗ, Деспотовски имал средба и со гувернерот на јапонската Банка за меѓународна соработка ( JBIC), Нобумитсу Хајаши со кој договорија подрршка на потенцијални заеднички проекти на македонски и јапонски градежни компании во рамки на обновата на Украина. Гувернерот Хајаши изрази подготвеност за поддршка на вакви инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот