Тиодоровиќ: На пролет ќе препорачаме и четврта доза на вакцината против ковид

Бранислав Тиодоровиќ
Бранислав Тиодоровиќ/ Фото: youtube/printscreen

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача и четврта доза од вакцината против коронавирус, пишува Данас.рс.

Тиодоровиќ изјави дека имунизацијата против коронавирусот во иднина може да се прави двапати годишно.

„Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем“, кажа тој.

Тиодоровиќ изјави дека во Србија ќе продолжи да се намалува бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид пропусници и дека ќе инсистира на тоа.

Тој додаде дека воведувањето на ковид пропусници имало влијание врз лицата на возраст од 30 до 40 години, и да тоа се гледа и од податоците за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот