Тимот на Елиф Елмас ита кон титулата: „Џокерите“ од клупата значаен фактор за успехот на Наполи

EPA-EFE/Simone Arveda

Водечкиот Наполи има 18 победи во Серија А сезонава, а дури пет од овие победи ги реши или влијаеше на нив некоја од резервите, меѓу кои се истакнува Елмас. Пет победи значат 15 бода, што речиси се поклопува со предноста на наполитанците во однос на второпласираниот Интер

Наполи предводен од клупата од Лучијано Спалети е доминантна сила во Серија А сезонава. Наполитанскиот тим со победи доминира во шампионатот и е на врвот на табелата. Голем дел од заслугите за тоа ги имаат играчите кои најчесто влегуваат од клупата, а меѓу нив значаен е македонскиот интернационалец Елиф Елмас.

„Аѕурите“ загубија само еднаш во Серија А и тоа им се случи на теренот на Интер, што покажува дека сезонава можат да потклекнат само против многу силен тим. Предноста на табелата на водечкиот Наполи сега е речиси непремостлива.

Наполитаците се предводени од Виктор Осимен, кој постигна 16 гола на 17 одиграни натпревари во Серија А. И кога стартерите не можеа да ги донесат трите бода, резервите се ангажираа да ја санираат ситуацијата.

Наполи има 18 победи во Серија А сезонава, а дури пет од овие победи ги реши или влијаеше на нив некоја од резервите. Пет победи значат 15 бода, што речиси се поклопува со предноста на наполитанците во однос на Интер, моментно втор во поредокот (заостанува 13 бода).

EPA-EFE/Simone Arveda

Најсилното оружје на Лучијано Спалети од клупата веројатно е Елмас. Македонскиот репрезентативец стана совршена замена за Квича Кварацхелија. Кога Грузиецот „паѓа“, секогаш одговара Елмас. Елиф го направи тоа во Бергамо во мечот со Аталанта кога решавачки придонесе за победата од 2-1 или против Удинезе кога неговиот гол го зголеми водството на Наполи со 3-0, пред Удинезе да направат делумно враќање, а мечот да заврши со 3-2.

Елмас сезонава настапи на 20 меча во Серија А, од 21 одигран. Резерва беше на 14, а стартер на шест меча. Елиф постигна вкупно пет гола и една асистанеција. Неговата вредност ја забележа, меѓу другите и Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул кој го побара да дојде кај „црвените“. Сепак, Спалети не сака ни да чуе за продажба на највредниот „џокер“ што го има.

Уште една од резервите на Наполи е Аргентинецот Џовани Симеоне, кој беше вреден „џокер“ од клупата на неколку меча, а особено на мечот против Милан, со грешавачкиот гол за победа. Симеоне има придонес од три гола сезонава, во 12 меча. Влијатаелен играч од клупата е и Џакомо Распадори, кој во 89. минута го реши тешкиот меч со Специја. Од 15 меча, како резерва настапил на осум.

Во следното коло Наполи го пречекува последнокласираниот Кремонезе в недела. Наполи има две титули во Серија А а последен пат бил шампион во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот