,,Тие што се во болницата веќе одлучија дека се мртви, се функционира со 15 проценти од медицинскиот персонал”: Потресна изјава на доктор во Газа
Доктори без граници информираат дека условите внатре во болницата Ал Шифа во Газа се лоши и се функционира со недостатоци на материјали во услови на регуларни напади. Доктор Ахмед Ел Мохалалати, пластичен хирург изјави дека болницата работи со 15 проценти од персоналот.
Тие што се во болницата Ал Шифа, веќе одлучија дека се мртви, изјави тој, пренесе Би Би Си.
Израелската армија изјави дека болницата не е под напад а тие што се внатре ќе добијат услови безбедно да излезат. Доктор Мухамед Обеид, хирург, е цитиран од хуманитарната организација дека многу од пациентите се неодамна оперирани и не можат да одат ниту да се евакуираат.
Доктори без граници повикаа на итен прекин на огнот и заштита на медицинските установи, медицинскиот персонал и пациентите.
Болницата нема вода, храна и струја а одделот за интензивна нега е преполн.
ИДФ го обвинуваат Хамас дека оперира од тунели под болницата а Хамас го негира ова.
Организацијата Доктори без граници вели дека болниците во Појасот Газа се под постојани бомбардирања последните 24 часа.
Извор Би-Би-Си