„The Weeknd“ остана без номинации: Во иднина ќе ги бојкотира наградите „Греми“

Instagram

Пејачот на поп-хитот „Blinding Lights“ оваа година не доби ниту една номинација за музичките награди Греми, поради што зазеде сериозен став.

31-годишниот музичар изјави дека планира во иднина да ги бојкотира наградите Греми, бидејќи неговиот последен албум „After Hours“ не се најде во ниту една категорија за годинешните номинации.

Поради тајните комитети, во иднина нема да дозволам мојата музичка куќа да конкурира со мојата музика за Греми“, се наведува во изјавата на „The Weeknd“, дадена за „Њујорк тајмс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Одговорните за Греми тврдат дека не постојат никакви тајни комитети што ја раководат оваа престижна манифестација, но тим од анонимни експерти вршат преглед на првично избраните номинации од кандидатите, кои се избираат по гласање од илјадници гласачи.

„After Hours“ е еден од најпродаваните албуми минатата година, според списанието „Ролингстоун“, а синглот „Blinding Lights“ е еден од најголемите хитови на 2020 година. Освен тоа, „The Weeknd“ бил во преговори за настап на манифестацијата, пред да бидат објавени номинациите, што се случи непосредно преднеговиот настап на полувремето од „Super Bowl“ настанот.

Разочарани сме кога некој е вознемирен. Но, ќе повторам дека константно се менуваме и еволуираме. Оваа година, како и минатите, ќе прегледаме што се случувало за да го подобриме и унапредиме процесот на номинации и доделување награди. Секако ќе ја прегледаме и работата на комитетот“, изјави Харви Мејсон Јуниор, одговорниот на Музичката академија која е задолжена за Греми настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Портпаролот на „The Weeknd“ не одговорил на прашања од медиумите. Ова не е првпат музичарот, чие вистинско име е Абел Тесфеј, да зборува за неправилности поврзани со наградите Греми.

Греми остануваат корумпирани. Ни должите транспарентност на мене, моите обожаватели и музичката индустрија“, објави на својот твитер-профил во ноември кога беа објавени номинациите.

Во меѓувреме Ники Минаж и Џастин Бибер исто така изразија незадоволство од процесот на номинирање.

„The Weeknd“ во минатото освои три награди Греми: за најдобар урбан албум за „Starboy“ во 2017 година, а во 2015 година за најдобра аренби изведба за песната „Earned It“ и најдобар урбан албум за „Beauty Behind The Madness“. Инаку, имаше 10 номинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Пред неговата годинешна изведба на „Super Bowl“, музичарот отворено зборуваше за „Билборд“ околу контроверзиите поврзани со Греми.

Ако ме прашаат „Дали мислиш дека Греми се расистички?“, мислам дека единствениот вистински одговор е дека во последниве 61 година на манифестацијата само 10 црни артисти добија награда за најдобар албум на годината. Не сакам да го поврзам ова лично само со мене, но тоа е факт“, вели тој.

Лично не ме засегаат наградите, затоа што веќе имам три Греми, кои не ми значат ништо. Не сум човек што си мисли: „Ох, сакам пак да освојам Греми!“. Едноставно се случуваат работи што не ми се допаѓаат и нема да молчам за да не се случат повторно. И онака не знам да држам говор ако освојам награда. Баталете го шоуто“, додаде пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Пред два дена колегата на „The Weeknd“, Зејн Малик, зборуваше против Музичката академија.

Баталете ги Греми и сите што се поврзани со нив… Освен ако не се ракуваш со некого од нив и им пратиш подарок, можеш да заборавиш дека ќе те земат предвид заноминации. Следната година ќеим пратам кошница со слатки“, напиша Малик на својот твитер-профил.

Овие негови изјави дојдоа откако годинава и тој остана без ниедна номинација, бидејќи наводно не бил подобен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот