Тетовската библиотека започна со работа, додека се дислоцираше установата доби признание „Библиотека на годината“

Фото: Слободен печат

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ конечно се пресели во новите простории во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ Тетово и започна да работи. Таа поради преселбата не работеше од 13 минатиот месец. Според установата, префрлени се над 82 илјади книги

„Најголемиот дел од фондот е сместен во новите простории. Еден мал дел од 16 илјади книги е сместен како во архива. Таму се поставени постари и поретки изданија. Вчера завршивме со целосното преместување на книгите. Ние со издавањето почнавме уште од мината среда, но делумно со работа во една смена бидејќи немавме интернет. Од денес се работи во две смени од 8 до 19 часот“, информира в.д директорката Елизабета Трпчевска Петрушевска.

И додека траеше преселбата на установата им стигнала информацијата дека се добитници на признанието „Библиотека на годината“, што го доделува Библиотекарското здружение на Македонија. Доделувањето на признанијата и благодарниците ќе биде во четврток во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а по повод нејзиниот патронен празник.

„Аплициравме за прв пат годинава и наше задоволство е добивме признание за големиот број активности кои и покрај преселувањето беа реализирани во текот на годината“, вели информира в.д директорката Елизабета Трпчевска Петрушевска.

Новите локации на тетовската библиотека се училниците на Факултетот за музичка уметност при Тетовскиот универзитет, за кои од раководството на библиотеката имаше негодување и реакции до надлежните дека не ги исполнуваат условите.

По неколкумесечните препирки помеѓу тетовската библиотека и Министерството за култура околу предлогот за дислокација на оваа установа во неколку училници на Факултетот за музичка уметност при Тетовскиот универзитет, пред два месеци падна договор помеѓу двете институции.

Градската библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово, уште во јуни годинава доби известување дека треба да се дислоцира од постојните простории во училниците на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Тетово.

Од библиотеката тогаш изјавија дека се работи за неколку училници кои не ги исполнуваат условите оти се претесни за да се изложат сите книги со кои располога оваа установа.

Во центарот во Тетово веќе 6 години се гради објект наменет за театарот и градската библиотека. Капиталниот објект требаше да биде целосно изграден лани, но најновите информации на министерството говорат дека објектот ќе биде пуштен во употреба дури во 2027 година

Од бетер на побетер, тетовската библиотека ќе се сели во училници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот