Тестот за дрога е негативен, финската премиерка „само се забавувала“

Сана Марин/ Фото EPA-EFE/ROBERTO MONALDO/LA PRESSE / POOL

Финската премиерка Сана Марин е негативна по тестот за дрога, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа го направи тестот во петокот, откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како се забавува со пријателите, што предизвика бурни реакции во земјата.

„Не се пронајдени наркотици“, соопштија од нејзината канцеларија во понеделникот.

Премиерката во петокот инсистираше дека никогаш во нејзиниот живот не користела дрога.

Политичарите во нејзината владина коалиција и опозицијата ја повикаа Марин да направи тест за дрога, што таа веднаш го направи.

Финската премиерка во поинакво светло: Сана Марин во чизми и кожна јакна на рок фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот