Тесла ја тужи Шведска

Возило на Тесла/ Фото EPA/ERIK S. LESSER

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла поднесе тужба против шведската државна транспортна агенција поради доцнење со регистрацијата на нови возила за време на штрајкот, објави деловниот весник Даџенс Индустри (ДИ). Најголемиот шведски индустриски синдикат ИФ Метал се судри со Тесла поради колективниот договор за механичарите, кои штрајкуваа на 27 октомври и повеќе не ги сервисираат автомобилите на Тесла.

Во знак на солидарност со нив се приклучија и членови на други синдикати, вклучително и поштенски и пристанишни работници и чистачи, што предизвика прекин на дистрибуцијата на регистарски таблички за возилата на Тесла. Минатиот петок, 50 работници на шведскиот снабдувач со клучни делови Хидро Ексторшонс, подружница на норвешкиот производител на енергија и алуминиум Хидра, се приклучија на штрајкот.

„Тие доставуваат делови за фабриката Тесла во Берлин и ако тоа им го наруши бизнисот, се надеваме дека ќе ги принудиме да се вратат на преговарачка маса“, рече во петокот секретарот за преговори на ИФ Метал, Вели-Пекка Саикала.

Хидро Ексторшонс во Ветланда, Шведска произведува алуминиумски профили и е единствениот снабдувач на овие делови во Европа, нагласи Саикала. Тоа е, исто така, првиот снабдувач на Тесла во Европа кој се приклучи на штрајкот на механичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот