Тешко злосторство во Сомбор: Маж ги убил сопругата и двете ќерки, а потоа се обесил

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Во српскиот град Сомбор денеска избувна пожар во кој загинаа четири лица. Но, како што објави телевизија Н1, пред пожарот се одвивала крвава драма во куќата. Сопственикот на куќата, Здравко Горановиќ ги убил сопругата и двете ќерки, а како што неофицијално е потврдено, потоа се обесил. Тој претходно запалил нешто во куќата и предизвикал пожар.

За пожарот околу пладне биле известени пожарникарите, а по гаснењето на пожарот полицијата во куќата затекнала четири лица од кои едното било обесено на греда.

Горановиќ ги убил сопругата и двете ќерки – родени 2002 и 2005 година.

Како што објави Н1, тој минатата недела бил пуштен од притвор поради семејно насилство, а мерката му била заменета со забрана за приоѓање.

Горановиќ бил уапсен и во 2010 година поради закани кон тогашниот заменик основен јавен обвинител во Сомбор, во чиј двор во картонска кутија со чевли била пронајдена копија од рачна бомба, покрај која била залепена заканувачка порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот