Тешко повредени двајца пешаци на македонските улици

Фото: Твитер

Вчера во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Во друг случај, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија, патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија. Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на полициска станица Гевгелија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот