ТЕШКА СУДБИНА: Полицаец ја бара мајка си под урнатините во Драч

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Околу 1900 полицијаци се ангажирани на терен за да им помогнат на жителите кои се погодени ги чувствуваат последиците од силниот земјотрес во Албанија.

Еден од нив пристигнал токму во зградата каде што живее неговата мајка во Тумана.

Ноинарот на „Топ чанел“, Мухамед Велиу, вели дека полицаецот, кој на фотографијата подолу носи зелен шал, интензивно е вклучен во потрагата по својата мајка и другите жители.

Фото: Топ чанел

Во Тумана досега има пет жртви, додека вкупниот биланс на жртви до овој момент е 13.

Екипи од седум различни држави се тргнати кон Албанија, како помош во потрагата по исчезнати лица под урнатините од страотниот земјотрес. Досега се спасени 28 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот