Тешка несреќа на патот Штип-Радовиш, возач загина во директен судир со камион

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, на дваесеттиот километар од патот. Според полицијата, во несреќата загинал возачот на еден автомобил кој учествувал во несреќата, јави МИА.

Според информациите, се судриле автомобил со радовишки и товарно возило со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени. Увид на местото на несреќата изврши штипската полиција.

Експресниот пат Штип-Радовиш попладнето беше затворен за сообраќај, а возилата се движеа по стариот регионален пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот