Тереза Кесовија заврши во болница: Побарав лекарска помош бидејќи болката стана неподнослива

Тереза Кесовија
Тереза Кесовија / Фото: Фејсбук/Тереза Кесовија

Хрватската пејачка Тереза Кесовија била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, пишува „Јутарњи лист“.

Музичката дива се соочила со неподносливи болки во десната нога и одлучила да побара лекарска помош.

„Подобро е, веќе не ме боли толку многу. Сѐ ќе биде добро благодарение на прекрасните лекари и медицинските сестри. Побарав лекарска помош во моментот кога болката стана неподнослива и кога неможев да спијам поради неа“, раскажала Кесовија.

Откако ја прегледале, лекарите ѝ рекле дека лекувањето мора да продолжи во болница, за да ѝ се излечи тешкото воспаление на поткожното ткиво на десната нога.

„Искрено, не ми беше драго да го слушнам тоа. Јас се надевав дека лекувањето ќе може да помине без хоспитализација, но им верувам на лекарите и имам голема почит за нивната напорна работа. Затоа ги послушав, се спакував и дојдов во болница пред неколку дена“, споделила пејачката.

И покрај сѐ, Кесовија е добро расположена, а нејзиниот оптимизам, по кој е позната, не ја напушта.

„Јас сум во најдобрите раце, а и самата гледам дека состојбата се подобрува. Се разбира, сѐ уште ја чувствувам болката, што е сосема нормално. Морам да пијам лекови и да ја ‘спасам’ таа нога, но сега сѐ е подобро“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот