Теофиловски денеска самиот се пријавил во Кривичен

Фото: МИА

Судијата Зоран Теофиловски утринава самиот се пријавил кај судијата Седат Реџепагиќ во Основниот суд Скопје 1, пренесува СДК.мк, за вчерашниот случај во кој Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.

Притоа, петтмина беа уапсени, а Теофиловски, кој е првоосомничен, полицијата не го најде дома. Обвинителството бараше притвор за сите пет лица, а судијата Реџепагиќ им одреди куќен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот