Техеран ги предупреди своите граѓани да ја напуштат Украина

Официјален Техеран преку иранското Министерство за надворешни работи ги советува своите граѓани да се воздржат од патување во Украина „поради ескалацијата на воените конфликти и зголемувањето на несигурноста во Украина“. Министерството соопшти дека на Иранците во Украина им се советува да ја напуштат земјата „за да ги спасат своите животи и безбедноста“. Од руската неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари, двете страни водат жестоки битки во многу региони на земјата, особено на исток и југ. Во последниве недели, Русија започна низа напади со беспилотни летала казиказе врз градовите низ Украина, вклучувајќи го и Киев.

Во меѓувреме САД соопштија дека Иран и помага на Русија да управува со беспилотните летала. Белата куќа соопшти дека Иранци биле на теренот на Крим и им помагале на Русите да ја таргетираат Украина со ирански беспилотни летала. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во телефонски разговор со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, според Техеран, „жестоко ги отфрлил тврдењата дека Иран и дал на Русија беспилотни летала за конфликтот во Украина“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот