Таткото на помошникот на Пеп исчезнал во Истанбул по вчерашното финале

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maнчестер Сити вчера ја освои Лигата на шампионите откако во финалето го совлада Интер со 1:0, но набрзо по завршувањето на финалето следувала вистинска драма во таборот на англискиот и европски шампион.

Имено, таткото на помошникот на Пеп Гвардиола, Енцо Мареска исчезнал во Истанбул. Мареска забележал дека го нема неговиот татко по финалето, но на крајот за среќа се добро се завршило.

Според информациите тој бил пронајден рано утрово и бил во добра состојба, без никакви повреди. Веднаш по исчезнувањето биле информирани навивачите на Сити кои биле во Истанбул, а реагирала и полицијата.

Засега нема подетални информации што точно се случило, но најважно е што е потврдено дека потрагата имала среќен крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот