Таткото на 24 годишниот напаѓач во Прага е пронајден мртов изутринава

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во моментов како претседателот на чешката полиција одржува пресконференција на којашто информираше дека напаѓачот е 24 годишен студент на Карловиот универзитет и доаѓа од населено место оддалечено 21 километар од Прага, пренесува Би-би-си. 

Исто така, како што пренесува Би-би-си таткото на напаѓачот е пронајден мртов изутринава.

Полицијата, исто така, соопшти дека таткото на осомничениот бил пронајден мртов претходно денеска.


Како што соопшува чешката полиција, во престрелката има над 15 мртви.
Повеќе од 15 лица загинаа по пукањето на универзитет во центарот на Прага, изјави претседателот на чешката полиција.

Напаѓачот бил студент на Факултетот за уметности на Универзитетот Карло во Прага, додава тој.
Безживотното тело на напаѓачот е пронајдено на Факултетот за уметност на универзитетот, изјави претседателот на полицијата.

Тој, исто така, потврдува дека 15 луѓе биле убиени, а 24 биле повредени во нападот, и додава дека се смета дека напаѓачот бил инспириран од слични масакри што се случиле во странство.

Масовното пукање не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот