Таткото ги заклучил децата во кола за да оди на забава

Трагедија била спречена во Аеродром кога биле пронајдени две заборавени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато“.

Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче, пренесува Прес24. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дехидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.

Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот