Татко ѝ на Хејли Бибер со загрижувачка објава: Молете се ќерка ми и Џастин Бибер

Хејли и Џастин Бибер / Фото: EPA

Американскиот актер Стивен Болдвин (57) сподели загрижувачка објава во која ги замоли своите следбеници да се „молат“ за неговата ќерка Хејли Бибер и нејзиниот сопруг Џастин Бибер.

Во понеделникот, Болдвин сподели објава од Виктор Маркс, основач на „All Things Possible Ministries“, црковна заедница во САД, на која Џастин Бибер ја пее и ја свири песната „I Could Sing of Your Love Forever“ од музичкиот состав „Хилсонг воршип“.

„Христијани, би сакал да ве замолам за следново – следниот пат кога ќе помислите на Џастин и Хејли, упатете мала молитва кон нив, да бидат мудри, заштитени и да му се приближат на Господ“, напиша актерот на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во објавата, Виктор Маркс истакна дека неговата сопруга Ајлин Маркс и мајката на Хејли Бибер, Кенија Болдвин, „често се молат заедно“ за младиот пар.

„Постојат посебни предизвици со кои се соочуваат луѓето на високи позиции, а истовремено непријателот не сака тие да се доближат до Исус.

Без разлика на материјалните работи или признанијата, тие често се соочуваат со духовна војна која е интензивна и има тенденција да ја уништи нивната вера, бракот и животот воопшто. Ви благодариме за помошта“, напиша тој во објавата, која ја пренесе „Пејџ сикс“.

Иако актерот ја сподели објавата меѓу своите инстаграм-стории, тој не понуди дополнителен контекст за тоа низ што минуват Хејли и Џастин Бибер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот