Таравари: Поголемата излезност на овие избори покажува дека промените доаѓаат

Фото: Принтскрин

Арбен Таравари, претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“ на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека на овие избори има поголема излезност отколку на претходните избори, што, според него, зборува дека промените доаѓаат.

– Како „Влен“ сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега промените веќе се во кутиите кои веќе се отвараат. Се надевам дека нашите комисионери, нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површина. Гласот на граѓанинот никако не треба да се злоупотребува, рече Таравари.

На 8 мај очекува победа на коалицијата „Вреди“ и доаѓање на промената со одењето на ДУИ во опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот