Талибанците ги предупредија САД: Oстанeте неутрални

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Портпарол на Талибанците за телевизијата Ал Џазира, изјави дека не треба да има американска интервенција во Авганистан, истакнувајќи дека „во Авганистан нема договор за прекин на огнот”.

Во саботата, американски бомбардери Б-52 Стратофортрес започнаа воздушни напади против талибанските сили во главниот град на провинцијата Џаузџин, Шиберхан. Според портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Фавад Аман, за време на нападот се убиени повеќе од 200 талибански борци и елиминирани над 100 возила, а уништено е и голем број оружје и муниција. Талибанските бунтовници денеска соопштија дека провинциите Нимроз и Џаузџин се под нивна контрола.

Портпаролот на талибанското движење напиша на Твитер дека Шиберхан, каде што се воделе борби со владините сили, е веќе под контрола на Талибанците.

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и Талибанците во центарот на Кундуз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот