Талески: Силата на Вардар е во менталитетот, шампионскиот дух сè уште живее во соблекувалната

фото: Драган Митрески - Слободен печат

Филип Талески на 14 години дебитираше во СЕХА – Газпром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите. На 19 години веќе го направи својот прв меѓународен трансфер. Сега се врати во татковината и е меѓу најдобрите играчи, не само во Вардар, туку и во целата домашна лига во Македонија и во репрезентацијата.

Во својата кариера имаше можност да работи со познати имиња како Лино Червар, Николај Јакобсен, Веселин Вујовиќ и Давид Дејвис.

Но, тој навистина „експлодираше“ и ја потврди играчката зрелост со Владо Недановски. Сега Филип Талески е „првата виолина“ во Вардар. Лев бек со силен шут, а кога на тимот не му оди секогаш има решение. Тој е комплетен играч кој не само што игра во нападот, туку и во одбраната.

Вардар сезонава повторно имаше промени во тимскиот ростер. Заминаа многу играчи, пристигнаа и неколку нови. Сега ростерот е различен, но менталитетот остана ист.

– Силата на Вардар е токму тој менталитет. Шампионскиот дух сè уште живее во соблекувалната. Тоа го чувствувам преку Стојанче Стоилов. Низ сè, секое негово движење. И во соблекувалната и во салата и сите оние плакати што постојат во ходникот во салата, пред влезот во соблекувалната. Вардар е европски првак и така треба да биде – се зборовите на Талески.

Целото интервју на Филип Талески за СЕХА Газпром лигата можете да го прочитате на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот