Таксин Шинаватра пуштен на слобода

Таксин Шинаватра / Фото EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра денеска беше ослободен, јавија светските агенции, повикувајќи се на неговиот адвокат.

Пред 15 години тој ја напушти земјата откако беше соборен со воен удар. Минатата година поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити се врати во земјата по самонаметнатиот егзил, за да отслужи казна за злосторства извршени за време на неговиот мандат.

Претходно оваа недела, министерот за правда на Тајланд, Тави Содсонг, рече дека Шинаватра има право на предвремено ослободување.

Шинаватра (74) беше пуштен од полициска болница каде што досега отслужуваше шест месеци од казната поради корупција и злоупотреба на службената должност. Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн му ја намали пресудата од осум години на една година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот