Такси-возењето од 1200 евра не ја спаси Италијанката која бегаше од карантинот во Милано

Фото: Cecilia Fabiano / LaPresse / Profimedia

Жена од Милано на таксист му платила 1.370 долари за да стигне од Рим и да ја избегне блокадата поради коронавирусот, за само еден ден подоцна и тој град да биде затворен поради вирусот.

Ломбардија, чиј главен град е Милано, беше затворена во неделата наутро заедно со 14 други провинции во Северна Италија.

Екстремните мерки, најавени во саботата, ги натераа жителите да го напуштат градот.

Една од нив, како што пишува италијанска „Репбулика“, била и 30-годишната Микела, која во возило на градското такси влегла во 10.30 часот по локално време во саботата, барајќи да патува во Рим.

„Прифатив без размислување. Тоа е моја работа“, рекол таксистот со 20-годишно искуство. „Очигледно, пред поаѓањето ја прашав девојката дали знае со кои трошоци ќе се соочи“.

Стигнале во Рим шест часа подоцна, во 4.30 часот по локално време.

Но Микела немаше многу време за уживање во својата слобода во Рим, откако што карантинот во Милано и неговите 14 околни покраини е проширен за цела Италија во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот