Тајната на добрите љубовници: Кои звуци во текот на сексот доведуваат до експлозија?

seks par ljubov
Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Иако повеќето жени никогаш нема да го признаат тоа, сите барем еднаш одглумиле оргазам. Истражувањата покажаa дека звуците кои жените ги испуштаат во кревет не се тесно поврзани со оргазам, туку со игра која може да го возбуди партнерот. Различни звуци за време на сексот секогаш се стимулативни за партнерот, но најчесто не се поврзани со самиот оргазам, туку со играта на заведување.

Кога некои љубители на филмови ќе помислат на стенкање во текот на сексуалниот однос, прво што им доаѓа на памет е легендарниот лажен оргазам на Мег Рајан во филмот „Кога Хари ја запозна Сали“ (When Harry Met Sally…).

А, на некого, пак, му паѓаат на ум звуците на блаженство што доаѓаат од станот на нивниот сосед и си помислуваат: „Уф… Очигледно добро се забавува“.

„Стенкањето и воздивнувањето во текот на сексот ја подобруваат оксигенацијата на крвта“, вели истражувачката Лорен МекКун.

Џејмс Хигам, професор по антропологија на Универзитетот во Њујорк, објаснува дека за време на сексот луѓето ги скратуваат зборовите кои најчесто ги користат. Ова е една од причините поради кои луѓето стенкаат за време на сексот, бидејќи пребрзо „зборуваат“, а освен тоа, ова е еден од најдобрите начини да му сигнализирате на партнерот што најмногу ви годи.

Но, стенкањето не е само звук кој му сигнализира на партнерот во што најмногу уживате, туку тоа му укажува и дека е добар во кревет. Научникот Бери Комисарук, кој ја напиша „Науката за оргазмот“ (The Science of Orgasm), објасни дека сексуалните звуци настанале како мали респираторни ослободувања, но дека станале форма на комуникација.

Во секој случај, без разлика дали е намерно или не, испуштањето звуци во текот на водењето љубов може да биде прилично моќен потег, исто како и некои други работи.

– Стенкањето и другите звуци го претставуваат интензитетот на возбудата. Ако партнерот се возбудува кога ќе слушне воздишки за време на сексот, тогаш ова може да биде наградена комуникација која ги поврзува партнерите и ги охрабрува да го направат тоа повторно – вели Бери Комисарук.

Оваа „наградувана комуникација“ е причината зошто многу жени го глумат оргазмот. Гејл Бруер, професорка по психологија на Универзитетот во Ланкастер, во една студија открила дека постојат две причини зошто жените глумат секси звуци.

Една од причините е затоа што сакаат да заврши сексот. Но, втората била затоа што сакаат да им дадат дополнителна доза на доверба на своите партнери. Бруер заклучила дека мажите кои го добиваат ова охрабрување имаат поголема веројатност да сакаат повторно да имаат секс со таа партнерка.

МекКун го објаснила ова користејќи го примерот на тенисерите, кои се познати по тоа што испуштаат звуци на стенкање кога го удираат топчето. Дополнителните истражувања покажаа дека професионалните тенисери ја зголемуваат брзината на топчето за 3,8 отсто кога почнуваат да стенкаат при удирање на топчето

Дури и најмал звук без здив може да соопшти дека работите се одвиваат одлично во спалната соба.

А, како дополнителен бонус, испуштањето на тие звуци може дури и да го подобри вашиот однос, според студијата од 2012 година објавена во „Журналот за социјални и лични односи“ (Journal of Social and Personal Relationships).

Како да ги користам звуците за да го подобрам сексот?

Постојат неколку начини на кои звуците што ги испуштате во креветот можат да го подобрат вашиот однос.

Конкретно, можете да ги користите како индикатор за да видите што му се допаѓа или што не му се допаѓа на вашиот партнер, што веднаш ќе ве направи подобри во креветот.

„Обидете се да ја развиете вештината за откривање кога вашиот партнер глуми и кога испушта автентични звуци на задоволство. Не само што ова ќе ве води кога станува збор за нивното задоволство, туку може да му помогне и на вашиот партнер да се чувствува удобно да се отвори и да ги спушти своите ѕидови“, предлага Кенет Плеј, едукатор за интимни односи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот