Тајланѓанец продавал календари со сатирични коментари за кралот, осуден е на две години затвор

Кралот на Тајланд / Фото EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Тајланѓанец е осуден на две години затвор за продажба на календари со сатирични коментари и гумени патки во кралските регалии, за кои обвинителите рекоа дека го нарушуваат имиџот на монархијата. Нараторн Чотманконгсин (26) е осуден за навреда на тајландскиот крал, пишува „Би-Би-Си“.

Тој е меѓу 200-те луѓе кои се уапсени според законите од 2020 година кои, како што велат критичарите, се ограничување на слободата на говорот.

Гумената патка била симбол на продемократските демонстранти во Тајланд. Активистите нашироко го користеле овој симбол на демонстрациите каде повикувале на демократска транзиција – движење кое вклучува и барања за реформи во монархијата.

Нараторн бил уапсен во декември 2020 година за продажба на календари на продемократската „Фејсбук“ страница Ратасадон. Политичката сатира имала илустрации на гумени патки во кралски регалии и контроверзни натписи.

Обвинителите тврделе дека сликите и описите го исмевале и клеветеле кралот Маха Ваџиралонгкорн. Судот во вторникот го осуди Нараторн на три години, пред да ја ублажи казната на две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот