Тајланд воведува цензура врз медуимите

Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Тајландската Влада забрани споделување на вести кои „предизвикуваат страв кај јавноста”, дури и да се вистинити, јави Гардијан додавајќи дека Владата се соочува со зголемени критики за начинот на кој се справува со пандемијата.

Владата на Тајланд ги заостри мерките според вонредниот указ издаден пред повеќе од една година, кој првично беше насочен кон лажни вести. Според последните ограничувања, на медиумите им е забрането да шират „информации што предизвикуваат страв кај јавноста” или да споделуваат „искривени информации што предизвикуваат недоразбирања кои влијаат на националната стабилност”.

Мерките беа осудени од медиумските групи и експерти за човекови права како обид да се запрат негативните вести и да се замолчи дебатата. Сунај Фасук, висок тајландски истражувач во азиската филијала на „Хјуман рајтс воч“, го опиша како „сериозен удар” врз слободата на печатот во земјата.

„Мислам дека Владата е свесна дека сега се соочува со криза на доверба поради катастрофалниот одговор на ситуацијата со Ковид-19, но наместо да се обидува да најде подобри и поефективни решенија, таа избира да ги спречи сите да зборуваат за нејзините неуспеси“ рече Сунаj.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот