Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

epa03507458 Former Juventus FC's forward, Giampiero Boniperti, during the award ceremony of the 2012 "Hall of Fame", an award established by the FIGC and the Foundation Football Museum to celebrate the people that have left an indelible mark on the history of Italian soccer, in Florence, Italy, 13 December 2012. EPA/CARLO FERRARO

Еден од луѓето кои се најзаслжни за тоа што Јувентус денеска е фудбалски гигант, Џанпјеро Бонипетри почина од срцев удар на 93 годишна возраст.
По Втората светска војна, Бонипетри стана член на Јувентус за кого играше од 1946 до 1961 година. За тоа време одигра 443 натпревари и постигна 178 голови и е еден од најдобрите стрелци во историјата на „старата дама“.
Пет пати ја освојуваше Серија А и беше стандарден италијански репрезентативец, но по завршувањето на играчката кариера ги направи најголеми работи за својот тим. Во 1971 година стана претседател на Јувентус и екипата со него на чело стана фудбалски гигант. Под негово водство, Јувентус освои 16 титули, а екипата освои и неколку европски трофеи, една титула во Купот на Европски шампион, една титула во Купот на куп победниците и два трофеи во Купот на УЕФА.  Од претседателската позиција се повлече 1990 година.

 

Видео на денот