Виц на денот: Лектор
Влегува лектор во сендвичара: – Здраво ќе може еден хамбургер? – Да, со све? – Без “в”.
Влегува лектор во сендвичара: – Здраво ќе може еден хамбургер? – Да, со све? – Без “в”.
На попис ја прашуваат Трпана: – Што работите, госпоѓо? – Јас сум комшивка. – Каква професија е тоа, што прави комшивката? – Па мрази, завидува, колне, се жали…
Пациент во операциона сала го прашува докторот: – Докторе, навистина ли ќе ме оперира студент? – Да. – А ако е неуспешна операцијата? – Нема да го положи испитот!
Наставничката во школо го прашува малиот Трпе: – Трпе зошто немаш домашна?! – Не сме ја свариле уште наставничке! Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?
Трпе и раскажува на жена си: – Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца. А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари. Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна… – Легни си ти пак со …