• угостителски

Нема промени во цените на угостителските услуги во декември

Цените на угостителските услуги во декември биле на исто ниво како и во ноември, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемување од 0,9 проценти има на кумулативниот индекс на цените за периодот јануари − декември во однос на истиот период 2018 година, а во споредба со декември 2018 година е на истото ниво.