Во јужна Русија се урна руски воен авион Су-24

Руски бомбардер Су-24 се урна денеска во областа Волгоград на југот на Русија за време на тренинг лет, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Според Министерството, авионот летал без муниција и се урнал во напуштена област. ТАСС не соопшти повеќе детали за инцидентот, вклучително и за судбината на екипажот.