Интервју со д-р Маја Кирјас, хирург-оториноларинголог: Зимата претставува совршена „бура“ од фактори што ги напаѓаат синусите
Иако многумина ги поврзуваат синусните проблеми со пролетта и алергиите, во практика, како ОРЛ лекари (оториноларинголози), многу често гледаме дека токму зимските месеци носат уште потешки и поупорни воспаленија на синусите. Синузитисот е воспаление на слузницата на параназалните синуси и најчесто настанува како компликација на настинка, грип или алергија. Може да биде акутен или хроничен …

