Пламна пожар во фабрика за пластика

Ноќеска во 3.50 часот во полиција е пријавено дека пламнал пожар во кругот на фабриката „Железара“, односно во фабрика за пластика и цвеќиња. Пожарот бил локализиран од скопската противпожарна екипа. Од МВР известија дека во пожарот нема повредени.