• магла

Поради магла намалена видливоста на патот кон Попова Шапка

Намалена видливост поради магла попладнево има на патот кон Попова Шапка. Видливоста е намалена од 50 до 60 метри, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.