Магла накај Шапка и Крушево, возете внимателно

Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат”.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет во Крушево, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на телефонскиот број 02 25 61 502.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот