Без вода утре населба Маџар Маало

Поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-160 мм на ул. Петричка б.б., утре без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, Општина Центар. Како што соопшти РЦУК Скопје, по донесено известување од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 09.00 часот па се до завршување на реконструкцијата.