Улиците 170 и 163 во Крњево денеска без вода

Без вода денеска од 10:00 часот се корисниците од улиците 170 и 163 во Крњево. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-150 мм. на улицата 170 Крњево. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.