• дрога

Извршен претрес во гевгелиско, пронајдена дрога

Полицајци вчера во 15.30 часот во село Богородица, гевгелиско, го уапсиле Д.М.(55) од селото. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.