Пријава за шверцерот кој пренесувал 100 кг. дрога

Фото: mia.mk

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 7 овој месец околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, сопреа и извршија преглед во патничко возило „цитроен берлинго” со албански национални ознаки, што пријавениот го управувал.

Притоа, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 100 килограми, чија вредност изнесува околу 350.000 евра.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот