Скопјанец направил таен бункер во туѓа нива и во него чувал дрога

Фото: Илустрација / Министерство за внатрешни работи

30-годишен скопјанец доби кривична пријава откако било откриено дека направил импровизиран бункер на нива во близина на градот, каде чувал неколку видови дрога.

„На 06/07.10.2021, полициски службеници извршиле претрес на нива, која пријавениот ја користел без знаење на сопственикот, и на неа направил импровизиран бункер, при што биле пронајдени и одземени еден килограм и 19,55 грама марихуана, амфетамин, кокаин и две ваги со остатоци од марихуана, амфетамин и кокаин“, се вели во полициското соопштение.

Г.Ф. ќе биде гонет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот