Приведени дилери на амфетамин во Скопје

Фото: Фејсбук

Полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со нивни колеги од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, вчера ги лишиле од слобода Н.П.(20) и С.Б.(27), двајцата од Скопје, соопшти МВР.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед врз Н.П., извршен на улица „Јани Лукровски”, бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од С.Б… Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен со судска наредба, исто така бил пронајден и одземен амфетамин.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот