Тетово и Битола утрово се најзагадени

Врнежите колку толку нѝ го исчистија воздухот, загаденоста во Македонија овие денови е значително намалена. Сепак утринава мерните станици во земјава покажуваат дека во Тетово е најзагаден воздухот со 63 µg/m3 ПМ10 честички. Во Битола се измерени 52 µg/m3, додека во скопската населба Ѓорче Петров има 33 µg/m3, а во Карпош 28 µg/m3.