Тадиќ пред преселба во Турција, ги одби милионите од Саудиска Арабија

Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Се најавуваше и дека Душан Тадиќ ќе одлета за Саудиска Арабија откако го напушти Ајакс, но изгледа дека тоа нема да се случи.

Српскиот фудбалер и сега веќе поранешен капитен на Ајакс го договорил својот трансфер во редовите на турскиот гигант Фенербахче.

„Фудбалерот Душан Тадиќ доаѓа на преговори во нашиот клуб“, објави Фенербахче.

Ваквата пракса за турските клубови е вообичаена и често знаат пред се да биде официјално да информираат за случувањата.

Се очекува трансферот наскоро и да биде официјализиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот