СЗО: Здравствените работници не се изложени само на ковид-19, туку и на стрес и насилство

epa08644443 Medical personnel carry out checks on patients with COVID-19 in an intensive care unit, in a hospital in the province of Buenos Aires, Argentina, 03 September 2020. Argentina's health system is on edge due to the expansion of the coronavirus, particularly in the provinces with less hospital capacity, while the debate about the health strategy grows in the framework of one of the longest quarantines in the world. EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против пандемијата Ковид-19, плаќаат висока цена за своето здравје, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) денеска, презентирајќи план што треба да помогне во нивна подобра заштита.

„Ковид-19 ги ​​стави здравствените работници и нивните семејства во невиден ризик”, нагласуваат од СЗО, истакнувајќи дека статистичките податоци, дури и да се нецелосни, јасно покажуваат дека „стапките на инфекции кај здравствените работници се далеку повисоки отколку кај останатото население”.

Здравствените работници сочинуваат околу три проценти од населението во огромното мнозинство на земји и помалку од два проценти во најсиромашните. Податоците на СЗО покажуваат дека 14 проценти од случаите со Ковид-19 се поврзани со нив.

„Во некои земји, тој удел достигнува 35 проценти”, се вели во соопштението.

Меѓународниот совет на медицински сестри процени на неколку илјади бројот на починати медицински сестри од вкупно 20 милиони, дури и ако официјалната бројка за 44 земји е 1.097 до средината на август.

Ризиците не се само физички, без разлика дали станува збор за коронавирус или насилство на кое се изложени.

Стресот од постојан страв од заболување, долгото работно време, разделбата со најблиските за да се заштитат од инфекција, а понекогаш и отфрлањето и непријателството од општеството оставаат сериозни последици по нивното здравје.

Според неодамнешното истражување цитирано од СЗО, една четвртина од анкетираните здравствени работници изјавиле дека страдаат од напади на депресија и анксиозност, а третина од несоница.

Планот на СЗО со пет точки, презентиран денеска, советува воспоставување синергија помеѓу безбедноста на пациентите и стратегиите за здравствена заштита и развој на национални програми за подобра заштита на здравствените работници.

СЗО исто така инсистира на заштита на здравствените работници од насилство на работното место и подобрување на нивното психолошко здравје.

Планот ја нагласува потребата да се заштитат здравствените работници од физички и биолошки опасности, со обезбедување на доволно заштитна опрема и обука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот