СЗО се обидува да стигне до болницата „Насер“ во Газа

Светска здравствена организација (СЗО)
Светска здравствена организација (СЗО) / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација денеска соопшти дека се обидува да стигне до најголемата функционална болница во Појасот Газа, болницата „Насер“, по израелскиот упад.

„Во болницата се уште има тешко ранети и болни пациенти. Постои итна потреба да се испорача гориво за да се овозможи континуирана работа на уредите кои спасуваат животи. Се обидуваме да пристапиме до болницата „Насер“ бидејќи има луѓе на кои им е потребна помош“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните војници продолжиле да ја пребаруваат болницата „Насер“ во Кан Јунис и досега уапсиле, како што рече, „повеќе од 20 терористи кои учествувале во масакрите на 7 октомври во Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.

Елитната единица Маглан и поморската единица пронашле минофрлачи, гранати и друго оружје на Хамас во болничката установа, соопшти ИДФ. Десетици осомничени, како што наведуваат, се донесени на сослушување.

Војниците на ИДФ вчера влегоа во болницата, велејќи дека имаат информации дека таму се држат заложници и дека телата на некои од киднапираните можеби се уште се во тоа место. Израелската армија наведува дека „ќе продолжи да спроведува операции во согласност со меѓународното право против терористичката група Хамас, која систематски врши операции во болниците и другите цивилни институции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот