СЗО: Македонија меѓу 11-те земји со „забрзан пренос” на коронавирусот

Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа / Фото Архива на Слободен печат

Како земји со забрзан пренос на заразата СЗО ги посочи Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека за првпат во последните неколку месеци во Европа се забележува зголемување на неделно ниво на бројот на случаи на заразени со коронавирус.

-Забрзан пренос е регистриран во 11 европски земји, во кои е предизвикан значителен раст на заразени,  што доколку се остави без надзор повторно ќе ги уназади  здравствените системи во Европа, изјави директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, пренесе Би-Би-Си.

Како земји со забрзан пренос на заразата СЗО ги посочи Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.

Амбасадорите на ЕУ неделава ќе разговораат за повторното отворање на надворешните граници на блокот на 1 јули. Еден од критериумите што земјите-членки го разгледуваат е да се дозволи патување само на патници од одредени земји, меѓу кои нема да се најдат земјите со висока стапка на инфекција, вклучувајќи ги и САД, Русија и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот