СЗО: Испораката на вакцини во рамки на Ковакс до крајот на јануари

Фото: EPA-EFE/BRIAN SNYDER / POOL

 Испораката на вакцини против Ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот, координирана од Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на земјите со помали приходи, може да започне овој месец, изјави денеска шефицата на СЗО за имунизација Кетрин О’Брајан.

– Потребни ни се околу 7 милијарди долари за да доставиме доволно вакцини во овие земји до крајот на 2021 година, рече О’Брајан, додавајќи дека веќе се собрани околу 6 милијарди долари.

Според неа, Ковакс има пристап до над две милијарди дози вакцини.

– Тие вакцини ќе започнеме да ги испорачуваме веројатно до крајот на јануари, а ако не, тогаш сигурно до почетокот или средината на февруари, рече О’Брајан.

Таа изјави дека СЗО размислува за вакцини од „Астра Зенека” и кинеските производители за вклучување во списокот за можна итна употреба. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот