СЗО: Бројот на нови случаи на ковид-19 во светот во пад веќе трета недела по ред

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена, иако се појавуваат нови видови.

Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.

– Во текот на изминатата година, имаше моменти кога бројот на регистрирани случаи се намалуваше во скоро сите земји . Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее, потсети Тедрос.

Тој нагласи дека во моментот кога се врши вакцинирање на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува Гласот на Америка.

– Контролата на ширење на вирусот придонесува за спасување на животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот